Она што се најавуваше сега веќе е и официјално. Како што информираат од раководството на Фудбалската федерација на Ј. Кореја, Јирген Клинсман не е веќе селектор на таа репрезентацијата на таа земја. Тој по 12 месеци доби отказ, а поводот е дебаклот на селекцијата предводена од него на последниот Куп на Азија.
“Одлучивме да го смениме селекторот и тоа после внимателната анализа која ја направивме. Едноставно Клинсман не ги исполни нашите очекувања“ рече покрај другото првиот човек на Фудбалската федерација на Ј. Кореја.