Пелистер после 15 години ќе игра финале во Купот на Македонија (ФОТО)

284

После 15 години пауза, Пелистер ќе игра во финалето на Купот на Македонија. Битолскиот тим во полуфиналето го совлада Еуро Никел со 78-68. За противник во битката за пехарот ќе го има тимот на МЗТ Скопје, мечот се игра утре со почеток во 18 часот.

Кавадарчани се држеа до почетокот на последната четвртина, по што битолчани ги искористија нивните грешки со серија до 13-0 го направија големиот чекор кон финалето.

Планиниќ со 27 поени, осум скока и шест асистенции беше лидер кај победникот, 22 поени и 8 скока имаше Маслинко. Кај поразениот состав Меквин запиша 21 поен.

Во една поинаква атмосфера се одигра вториот полуфинален натпревар. Битолчани дојдоа да ги бодрат своите кошаркари. Пелистер отвори со 7-0, но на другата страна кавадарчни покажаа зошто се незгоден противник, брзо се враќаа од која негатива. Сепак домаќинот го имаше Планиниќ, кој од 39-те поени на својот тим на полувремето постигна 24 поени. Пелистер првата четвртина ја доби со 18-13 (во овој дел имаше водство од 13-5), додека вториот период минимално му припадна на Еуро Никел (21-23). На одморот резултатот беше 39-36.

Третата четвртина беше слична како претхдоните две, Пелистер поведе со 47-41, но потоа влезе во серија на грешки. Кавадарчани со тројката на Младеновиќ се вратија на минус еден 47-46, но исто, пропуштија два напади за да поведат на оваа средба. Оваа беше негативата која Еуро Никел ја имаше пред стартот на последните десет минути (55-54), благодарение на грешките на битолчани.

Неизвесноста целосно ја врати Меквин, погоди тројка за 59-59 по само минута и пол игра во последната четвртина. Маслинко, Магдевски, Костоски и Мијовиќ беа креатори на серијата од 13-0 за двоцифрени 72-59 во 34. минута. На другата страна Манев во меѓувреме повика тајм-аут, но истиот не вроди плод.

Сето ова беше доволно за да битолчани без проблем го приведат мечот во своја корист, иако Младеновиќ и Глигоријевиќ намалија на 74-66. Битолачни веќе беа влезени во победнички ритам, па ја сочуваа позитивата доволна за пласман во големото финале.

ПретходноЛуис Суарез: По Интер Мајами одам во пензија
СледноПланиниќ: Посакувам полна сала утре против МЗТ Скопје