Пелистер по вторпат во својата историја ќе игра финале во Купот на Македонија, кое го носи името на легендарниот кошаркар „Благоја Георгиевски Буштур“. За противник битолскиот тим ќе го има бранителот, МЗТ Скопје. Финалето е закажано во 18 часот.
Еден од главните мотори на Пелистер беше Јура Планиниќ, кој постигна 27 поени. Тој не заборави да им се заблагодари на навивачите и посака уште полна сала.
„Ова беше тежок натпревар, добро се подготвивме, го исполнивме сето она што се договоривме. Еуро Никел е добар тим, па затоа ова е за нас е голема победа. Но, ништо немаме направено, бидејќи не чека МЗТ Скопје во финалето. Мора прво добро да одмориме, а после да се подготвиме.
Благодарност до сите кои дојдоа да ни дадат поддршка, навивачите беа нашиот шести играч. Се надевам дека утре ќе дојдат во поголем број и ќе славиме титула“, изјави Планиниќ.