Розберг: Го разбирам Хамилтон, си ги исполни детскиот сон

386

Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг изјави дека потполно ги разбира причините за преселбата на Хамилтон во Ферари.

Тој призна дека не гледа ништо невообичаено во одлуката на Луис, со оглед на легендарниот статус на Скудерија.

„Да, ме изненади. Но, ако ја погледнете големата слика, сега има два легендарни тима за кои секој би сакал да вози – Ферари и Мерцедес  Така што можам да го разберам Луис, тој реши да го исполни својот детски сон“, вели Нико.

Во исто време, Розберг категорично ја негираше можноста за сопствено враќање во Формула 1.

„Не, готово е. Не планирам да се вратам“, потврдил некогашниот првак.

ПретходноИнтер убедлив против „фенерџијата“ (ВИДЕО)
СледноЗимски преоден рок 2023/24: Влајковиќ го засили шампионот, Роналдо, Мајснер, Јанков,Стојкоски, Швајц…се едни од поважните трансфери во ПМФЛ!