Самарџиев: Ни пресудија Војдан и Дамјан! Немам забелешки за моите играчи

460

МЗТ Скопје се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако славеше против Работнички со 81-76. Бранителот на титулата на теренот го имаше Војдан Стојановски, без кого МЗТ Скопје дефинитивно не е истиот, како и капитенот Дамјан Стојановски. Двајцата добро знаат како да се игра на вакви, мечеви, ова го потврди и Горан Самарџиев по поразот.

„Честитики до МЗТ Скопје за победата, цел натпревар беа подобри од нас. Одиграа добра одбрана на нашиот плејмејкер Трајс. Куп натпреварите се специфични напорни. Пресуди искуството на Војдан и Дамјан, кои имаат голем број на вакви мечеви. Што се однесува до моите играчи немам забелешки за нив, се бореа максимално“, изјави Горан Самарџиев. 

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Вечните одиграа меч за „историја“, МЗТ се пласираше во финалето (ФОТО)
СледноСакал да поднесе оставка, играчите не му дале