Стеф Кари “тивок“, ама Голден Стејт заврши со 140 поени, брука за Милвоки! (ВИДЕО)

104

Утринава по наше време се одиграа само три меча во НБА лигата. Најголемо внимание предизвика дуелот меѓу Голден Стејт и Јута, кој на крајот има припадна на „Вориорси“ со 140:137. Фуриозен меч со многу поени, но така е кога играат овие две екипи.

Интересно Стеф Кари беша некако “тивок“, мечот го заврши само 16 поени, но и со 10 асистенции.

Прва ѕвезда кај победничкиот тим беше Клеј Томпсон со 35 поени, исто толку поени постигна Секстон кај поразениот тим.

Милвоки беше поразен од Мемфис со 113:110. Јанис Адетокумбо постигна 35 поени, имаше и 12 асистенции, но “Бакси“ во последните секунди од средбата кога требаше да имаат шут за израмнување просто се избрукаа. Имено тие не можеа да ја пренесат топката во противничката половина, и кога тоа едвај некако го сторија нормално дека следуваше големо промашување и победа за Мемфис.

И во третиот меч Минесота со 128:91 просто го растури Портланд. Блескаше Едвардс со 34 поени.

ПретходноТага во светот на спортот: Почина легендарниот атлетичар Хенри Роно!
СледноОфицијално: Ј. Кореја со „шут – карта“ за Јирген Клинсман!