Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе му суди на Вардар во Гостивар!

1216

Утре со мечот Гостивар – Вардар од 19.коло стартува пролетниот дел од тековната сезона во ПМФЛ. Познати се и судите за сите шест средби на стартот од полусезоната.

Александар Ставрев од Скопје е одреден да го суди мечот Гостивар – Вардар, додека на мечот Работнички – Струга ТЛ главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

Во продолжение можета да ги видите сите судии за ова коло во ПМФЛ.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 19.КОЛО – НЕДЕЛА (18.02.2024 – 14 Ч)

Македонија ЃП – Шкендија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Силекс – Брера Струмица: Марјан Младеновски (Скопје)

Шкупи – Воска Спорт: Александар Грујоски (Кичево)

Работнички – Струга ТЛ: Димитар Пилешков (Штип)

Брегалница – Тиквеш: Ндерим Тефику (Куманово)

САБОТА (17.02.2024 – 14 Ч)

Гостивар – Вардар: Александар Ставрев (Скопје)

ПретходноОткако ќе се ослободат 200 милиони евра годишно по заминувањето на Мбапе: Во ПСЖ доаѓаат Салах, Силва, Осимен, Рафа Леао?!
СледноКуп спектаклот продолжува: Вечните во нова пресметка, Битола сонува за финале!