Танасковиќ: Ја исполнивме целта, им се одмаздивме за поразот!

145

МЗТ Скопје е на чекор до одбрана на пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски“. Во полуфиналето тимот од Аеродром славеше против Работнички, во меч, во кој во голем дел го имаше водството.

Задоволството е големо, особено после првенствениот пораз.

„Голема победа за нас, сакавме со добар меч да славиме и да се одмаздиме за поразот во првенството и го сторивме токму тоа. Во првото полувреме беше израмнето, мислам дека клучно беше што на почетокот од вториот дел се одлепивме и потоа го контролиравме резултатот до самиот крај. Во финишот одлучуваа ситници, но ние бевме поумешни и посмирени, знаевме да реализираме и заслужено триумфиравме“, изјави Душан Танасковиќ, кој додаде дека не е важно со кого ќе играат во финалето, важно е дека го одбранат Купот.

ПретходноСакал да поднесе оставка, играчите не му дале
СледноВидеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Федерацијата Кикбокс Маитаи