Веќе јасно е дека по завршувањето на сезоната Ливерпул ќе остане по Јирген Клоп. Тој тоа го најави пред неколку дилеми и сега раководството на “редси“ ќе мора да пронајде адекватно тренерско име за негов наследник.
Од друга страна фановите на клубот јасно си кажаа кого сакаат на клупата.
Во една анкета која деновиве беше спроведена дури 63 насто од фановите на “редси“ кои биле прашани за тоа кого сакаат за наследник на Германецот, одговориле дека најдобро решение е Чаби Алонсо.
Клупската легенда Стивен Џерард го преферираат само 18 насто. Пеп Лијндерс кој сега е помошник на Клоп добил 8 насто од гласови, Роберто де Зерби 4 насто, додека Јулиан Нагелсман, Рубен Аморим и Томас Франк добиле по 2 насто.