Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон е во стабилна состојба, но се уште е во болница, каде што беше пренесен вчера откако му се слоши за време на тимскиот тренинг.
76-годишниот тренер деновиве ќе биде оод опсервација на лекарите, откако вчера се почувствувал лошо и сериозно ги вознемири играчите и луѓето во клубот.
- Тој нема да биде на клупатс за клучниот натпревар во понеделник против Евертон, а во Англија веќе се убедени дека неговиот последен натпревар на чело на лондончани веќе помина. Во последниве денови се зголемија гласините за заминувањето на Хоџсон, што најверојатно ќе се случи многу скоро, а негова замена речиси сигурно ќе биде поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер.