Челзи без првиот дефанзивец за дербито со Манчестер Сити

285

Искусниот дефанзивец на Челзи, Тиаго Силва, ќе го пропушти саботното дерби во Премиер лигата против шампионот Манчестер Сити, откако заработи повреда на препоните во победата од 3-1 во понеделникот против Кристал Палас, потврди менаџерот на „сините“, Маурисио Покетино.

Бразилецот кој има 23 првенствени настапи оваа сезона, го напушти теренот во второто полувреме откако заработи повреда обидувајќи се да го блокира ударот на Жан-Филип Матета.

Утрешниот дуел ќе го пропушт и играчот од средниот ред Карни Чукумека, а шпанскиот голман Роберт Санчез, кој беше надвор од терените од декември поради повреда на коленото, е целосно подготвен да се врати на терен.

ПретходноПланиниќ: Посакувам полна сала утре против МЗТ Скопје
СледноЛиверпул без Алисон и на утрешниот меч со Брентфорд