Работилница за лиценцирање во Куќата на фудбалот! (ФОТО)

249

Одделението за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија во рамки на програмата за поддршка и обука на клубовите во процесот на лиценцирање за добивање лиценца за УЕФА натпреварувањата, како и натпреварувањата од националниот шампионат (Прва МФЛ, Втора МФЛ и Прва ЖМФЛ) одржа тродневна работилница (13-15.02.2024.) во „Куќа на фудбалот“.

На оваа работилница учество земаа лицата кои се овластени од своите клубови за процесот на лиценцирање, како и генералните секретари на клубовите кои во сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА и натпреварите од Националниот шампионат.  

Програмата опфати презентација на сите шест критериуми од правилникот за лиценцирање, со посебен осврт на новата платформа која ќе се користи во процесот на лиценцирање – „МyComet.”

Горанчо Костовски – лиценцен менаџер во ФФМ

– Процесот на лиценцирање на фудбалските клубови кои учествуваат во натпреварувањата на УЕФА вклучува строги критериуми кои се однесуваат на финансиските, инфраструкотурни, персоналните и спортските аспекти. Клубовите мора да покажат усогласеност со прописите на УЕФА и матичните федерации, да се придржуваат до стандардите во врска со условите на стадионите и да ги исполнуваат барањата за раководење и администрација. Процесот секоја година е многу поригорозен, но гарантира дека добро управуваните клубови со соодветни капацитети можат да го одржуваат интегритетот и квалитетот на соодветното натпреварување. Како Фудаблска федерација на Македонија правиме се што е во наша надлежност да го олепсниме процесот на подготовка на клубовите за нивно учество во УЕФА натпреварувањата и се разбира, да ги исполнат бараните услови за учество и во домашниот шампионат“. 

ПретходноБуњамин Шабани: Работнички? Традицијата вели дека тие мечеви се пријатни за нас!
СледноКК Пелистер: МЗТ после полноќ се изјасни, Работнички утринава, а од федерација ни рекоа дека нема навивачи!