Ретки се тие големи клубови со своите постапки, а не само поради парите, армијата навивачи, освоените титули.
Еден од тие е Болоња, релативно мал клуб во споредба со гигантите, но клуб со големо срце и душа што се вели.
Па така раководството на Болоња го исплаќала договорот со Синиша Михајловиќ шест месеци откако тој починал.
Ова го открива Аријана, сопругата на починатиот Михајловиќ која искористи прилика во едно интервју и јавно да им се заблагодари на луѓето од овој клуб каде што нејзиниот сопруг беше тренер до неговата смрт во декември 2022 година.