Тимот на Ред Бул последен од сите го претстави својот нов болид за седоната 2024. “Марка“ го нарече – најфутуристичкиот болид во Ф1.
Токму со овој болид Макс Верстапен сезонава ќе атакува по својата нова титула во Ф1, четврта по ред.
Изненадување е тоа што во Ред Бул се откажаа од моделот со кој доминираа во 2023, 21 победи на 22 трки, а новиот РБ20 по малку наликува на оној на Мерцедесов модел В14.
„И досега имавме супер болид, но сепак сакавме да го подобриме и модернизираме. Секако дека времето ќе покаже колку е добар“ рече покрај другото Верстапен на промоцијата.