На 72 години во Најроби почина легендарниот атлетичар односно тркал на долги патеки Хенри Роно. Во свое време важеше за најдобриот тркач на долги и средни патеки. Кениецот во 1978 година успеа за помалку од три месеци да постави четири светски рекорди во неколку дисциплини. Просто беше непобедлив за конкурентите.
Судбината сакаше никогаш да не настапи на ОИ со оглед на тоа дека Кенија во 1976 и 1980 година ги бојкотираше игрите во Монтреал и Москва.
Сепак ќе остане во сеќавање како еден од најголемите и најдобри тркачи во светот на атлетиката.