Македонскиот прволигаш Работнички се пофали со три нови засилувања. Сите ги претстави во еден ден.
Али Регба е централен напаѓач кој е роден во Алжир, а кариерата ја градел прво во Ирска во тимот на Бохемијанс, потоа бил во У21 тимот на Лестер, а кратко во алжирскиот Белоуздад и сега доаѓа како слободен играч во Работнички.
Вториот е ценралниот бек Сефа Караман, роден во Германија со турско потекло, во кариерата играл за вториот тим на Вердер, бил и во ТеБе Берлин, а последен клуб му бил Усак Спор од Турција.
Третиот е Емре Кадри, млад 19-годишен десен бек кој е роден во Скопје, а во Работнички доаѓа од младинскиот тим на Адана Демир.
„Романтичарите“ го почнуваат пролетниот дел од ПМФЛ со 23 бодови на табелата.