Дание Аврамовски со својот трет гол сезонава во дресот на Болуспор обезбеди победа за својот тим на гостувањето кај Тузласпор во мак-дербито на Втората лига во Турција. Болуспор на популарниот Џујо славеше со 2:1 против Тузласпор која е нов клуб на нашиот млад напаѓач Лука Станковски.
И двајцата наши интернационалци почнаа како стартери за своите екипи, со тоа што Аврамовски уште во 10. минута успеа да погоди во противничкиот гол и да донесе водство за својот тим од 0:1. Станковски остана во игра во дресот на Тузласпор до 67. минута кога беше заменет.
За Болуспор ова беше 10-та сезонска победа со која се проби до 6. место на табелата. Тузласпор по поразот денеска е 15-та, во зоната за испаѓање.
⚽️ 🇹🇷 Goal: Daniel Avramovski
Tuzlaspor 0-1 Boluspor !!
— Recap Football (@recap_football_) February 17, 2024