Аталанта во ЛШ ритам – петта победа по ред, овојпат убедливa над Сасуоло

109

Екипата на Аталанта продолжува во победнички ритам во италијанската Серија А. Вечерва на домашен терен го совлада Сасуоло со 3:0 што е нивна петта победа по ред и што е најважно се држи на четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите.

Марио Пашалиќ го отвори резултатот во 22 минута, а гостите можеа да изедначат но Пинамонти промаши два пенали во финишот на првото полувреме .

Во второто полувреме двајцата Холанѓани во дресот на екипата од Бергамо погодија. Прво Копмеинерс го зголеми резултатот, а точка стави Бакер.

Аталанта дише во ЛШ ритам, а во петте победи по ред гол разликата е 17:2.

ПретходноДавид Тошевски стрела на дебито за Шибеник
СледноЦрвена Звезда го совлада Партизан и го одбрани трофејот од Купот