Лајпциг го совлада Менхенгладбах, Елмас го преседе мечот на клупата

1568

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас не одигра ниту една минута во победата на РБ Лајпциг над Борусија Менхенгладбах со 2:0 во 22.коло на Бундес лигата. Чави Симонс во 14 минута и Опенда во 57 минута стрелаа за „биковите“ во победата, која им е 12-та сезонава.

Тренерот Марко Росе не му даде минутажа на Елмас на овој меч кој преседе на клупата.

Лајпциг е на петтото место на табелата, а Менхенгладбах на 14-тото.

Идното коло Лајпциг му гостува на Баерн Минхен.

ПретходноДрама во 97 минута – Лева прво го промаши пеналот, па го повтори и донесе победа на Барса
СледноВојдан Стојановски под знак прашалник за квалификациските дуели за ЕП!