МЗТ Скопје е тим со шампионски менталитет!

156

МЗТ Скопје од Битола кон Скопје го носи 12-от пехар во Купот на Македонија. Тимот од Аеродром покажа на дело зошто во последните години доминира на домашната сцена, шампионскиот менталитет е веќе длабоко всаден кај кошаркарите.

Иако во салата „Боро Чурлевски“ беше пеколна атмосфера за „сино-белите“, сепак најдоа начин како да се вратат на мечот и на крајот да дојдат до победа против Пелистер вредна нов пехар.

Во МЗТ Скопје има нови херои. Без Војдан Стојановски од третата четвртина, а потоа без Дамјан во последните три минути, тимот од Аеродром успеа да одигра шампионски. Дамајн Робев е тивкиот „убиец“ на сонот на битолчани, превзема одговорност и ги постигна највредите поени во својата кариера.

Кошаркарите се на пат кон Скопје каде сигурно ќе ги пречекаат нивните миленици.

ПретходноВојдан Стојановски под знак прашалник за квалификациските дуели за ЕП!
СледноРадуловиќ: Требаше да направиме лична грешка, не сфаќам зошто не го сторивме тоа!