ПМФЛ: Вардар освои бод во Гостивар, ама блиску беше и до победа! (ФОТО+ВИДЕО)

1122

Ова е некој нов Вардар. Гостивар – Вардар 1:1 е епилогот од првиот меч во пролетниот дел во оваа сезона. Интересен, возбудлив, квалитетен во второто полувреме, меч кој мора да добие преодна оценка.

Вардар имаше водство од 0:1 до 90+1., сепак Гостивар погоди за реми, а гостите поведоа со голот на Мишковски во 85.минута.

Голем, голем бод како планина за Вардар. Ама Вардар беше блиску, многу блиску до победа.

Инаку мечот почна со она задолжително испитување на силите, а прв се закани Вардар. Во таа 8.минута постигна и гол преку Ѓуриќ, но истиот беше поништен поради офсајд.

Гостивар врати со шансата на Ајдини во 20.минута, но за малку непрецизно, а потоа Атиемвен пет минути подоцна речиси да имаше зицер, но мрежата на Гачевски остана нечепната.

Вардар се закани преку Алтипармаковски, биеше од свртување, но гол и сега немаше. Во финишот на полувреме Атиемвен уште двапати беше во шанса, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Во второто полувреме Гостивар тргна со сите сили во напад, во игра влезе и Алпер Потук, најдобриот играч на Гостивар и најплатениот во ПМФЛ. И во 48.минута Кехинде шутираше, а потоа и Атиемвен две минути подоцна, но резултатот и натаму е 0:0.

Гостивар сега ги диктираше настаните на теренот, се редеа акции, а на Вардар тешко му беше да го следи ова темпо.

Сепак Омерагиќ во 60.минута убаво се снајде пред домашниот гол, шутираше со глава, но таа топка заврши покрај гол. Се чини дека во овие моменти како да спласна иницијативата на Гостивар.

Дека Вардар дефинитивно воспостави рамнотежа, доказ е тоа што во 64.минута по една добра акција Глишиќ шутираше, но Ерсу одбрани. Ова беше добра закана од гостите.

Неверојатна среќа имаа домашните, имено Ристовски по центаршутот на Глишиќ, Ристовски со шут со глава го погоди десниот дирек. Малку фалеше гостите да дојдат во водство.

 

Но затоа во 85.минута Вардар поведе и тоа со голот на Мишковски откако Глишиќ одлично нафрли.

Голема радост за вардарци.

Радост која не траеше долго, имено во 90+1.минута Слишковиќ успеа да го совлафа Гачевски. Голманот на Вардар го одбрани ударот на Кехинде, но можеше и на Слишковиќ.

 

Па така со тие 1:1 заврши овој меч.

No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

ПретходноЛиверпул во шампионски ритам, Салах се врати со гол (ВИДЕО)
СледноАтлетико (М) со „петарда“ во мрежата на Лас Палмас (ВИДЕО)