Хинтерман изненади во спустот во Квитфјел

44

Швајцарскиот скијач Нилс Хинтерман ја изненади конкуренцијата во спустот во норвешки Квитфјел. Пред две години тој триумфираше во истата дисциплина во Квитфјел, а сега го повтори успехот. Така тој стигна до севкупно третата победа во Светскиот куп, а освен две во спуст има и една во комбинација во Венген.

Неговиот сонародник и водечкиот во генералниот пласман Марко Одермат заврши на седмото место.

На второто место заврши Австриецот Винсент Крихмаер, а трет Канаѓанецот Камерон Александер.

Утре на програмата е супервелеслаломот во Квитфјел, а до крајот остануваат уште малку трки: Палисадес Тахо и Аспен во САД, Крањска Гора во Словенија и финалето во австриски Салбах.

 

ПретходноЛопетеги го одби Кристал Палас, чека подобра понуда од Премиерлигата
СледноАвтомобили на далечинско прекинаа натпревар во Германија