Арсенал не се откажува од жестоката битка за шампионската титула во Премиерлигата. Момците на Микаел Артета денеска го „петардираа“ Барнли на гостински терен и останаа на два бода негатива од лидерот Ливерпул. Одлично издание за „топчиите“ имаше Сака кој постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Одегард, Тросар и хаверц.
Големо и непријатно изненадување им приреди Тотенхем на своите фанови. Лондончани пред своја публика беа поразени од Вулверхемптон со 1:2. Двата гола за гостите ги постигна Гомес, додека единствениот гол за Тотенхем беше дело на Кулушевски.
Њукасл извади бод дома против Бурнмаут, откако гостите двапати водеа. Гордон од пенал и Ричи во 92. минута успеаја да го спасат фаворитот од пораз пред своја публика.
Гостински триумф обезбеди и Астон Вила која со 1:2 славеше кај Фулам, додека на домашен терен Нотингем Г. славеше со 2:0 против Вест Хем.