Васко Атанасов го освои првиот Куп пехар како тренер на МЗТ Скопје. Неговите момци покажаа дека имаат шампионски менталитет, иако беа во негатива, сепак на крајот како што рече самиот проработел аеродромскиот инает. Победата ја посвети на навивачите.
„Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз. Колку и да играме лошо, на површина излезе тој наш аеродромски инает. Оваа победа ја посветувам на навивачите и им благодарам што дојдоа да не бодрат. Ние денеска игравме во грч, но игравме без Војдан Стојановски што им даде можност на некои други кошаркари да бидат херои. Што се однесува до Робев, тој по вторпат е фактор за победата овде во Битола бидејќи блесна и лани во финалето од Купот и мене ми е многу мило за тоа“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.