Атлетико (М) со „петарда“ во мрежата на Лас Палмас (ВИДЕО)

33

Фудбалерите на Атлетико го совладаа тимот на Лас Палмас со 5:0 во првиот денешен меч од 25. коло од шпанската Ла Лига.

„Јорганџиите“ остварија убедлив и прилично лесен триумф против тим од горниот дел на табелата, откако го решија мечот за само 45 минути. Маркос Љоренте беше исклучително рапсоложен и со два гола донесе предност за домашните со 2:0.

Анхел Кореа на почетокот на вториот дел зголеми на 3:0, а Аргентинецот погоди и во 62. кога од белата точка за 4:0. Конечниот резултат го постави Мемфис Депај во 87. минута.

ПретходноПМФЛ: Вардар освои бод во Гостивар, ама блиску беше и до победа! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер покажаа сила, Детонит поразен во Неготино!