Баерн со ултиматум до својот тренер: Судбината на Тухел ја кројат Елези и Елмас!

3354

По двата болни порази од Леверкузен и Лацио, и на двата без постигнат гол, клупата на Томас Тухел и тоа како се тресе. Имено досега официјалните најави од Минхен беа дека тој без разлика на се ќе ја заврши сезоната.

Но синоќа стратегот на “баварците“ добил ултиматум од раководството на клубот, а во него стои дека ако сака да ја задржи тренерската функција ќе мора да победи во наредните три меча во Бундеслигата и да го мине Лацио во 1/8 финалето во ЛШ.

Во случај на пораз на било кој од наредните три меча и елиминација во ЛШ тој ќе добие отказ, веднаш.

Ова значи дека уште утре Тухел може да биде бивши, а тоа значи дека судбината му ја кројат нашите репрезентативци Агон Елези и Елиф Елмас.

Имено Баерн утре игра против Бохум на гости, тим каде што е член е Елези, а следниот викенд во Минхен доаѓа Лајпциг, тим каде што дресот го носи Дијамантот.

Следува гостувањето кај Фрајбург а на 5 март во Минхен се среќава со Лацио.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија во жестока битка за титулата! Ќе успее ли Вардар да се спаси?
СледноИма ли сила Вардар за изненадување во Гостивар? Деби на тренерите Аталан и Михаилов!