Босанката Музаферија со сензационално 4. место на спустот во Кран Монтана

180

Скијачката од Босна и Херцеговина Елведина Музаферија направи големо изненадување освојувајќи го четвртото место на денешниот спуст во женска конкуренција кој се возеше во Кран Монтана, Швајцарија.

Прва на спустот во Швајцарија беше Марта Басино, а втора нејзината сонародничка Федерика Брињоне. Третото место го зазеде Лара Гут Бехрами, а сензација беше четвртата позиција на Музаферија.

Елведина имаше секунда и 22 стотинки полошо време од Марта Басино. Ова не е прв ваков изненадувачки настап на Босанката, која одлично возеше и на Супер Џи трката во Кортина Д’Ампецо, Италија кога дојде до 14. место, но никој не очекуваше дека 24-годишната скијачка од Високо ќе дојде скоро до подиум.

ПретходноВМФЛ: Беса и Пелистер покажаа сила, Детонит поразен во Неготино!
СледноГоразд Михаилов: Вардар освои голем бод, јас сум задоволен, честитки за играчите!