Денеска со сите осум мечеви ќе стартува и пролетната полусезона во ВМФЛ. Со оглед на тоа со каква бодовна предност ќе ја стартува оваа пролет, пет пред вториот Детонит и и седум пред Пелистер, а и поради тоа што има одлична екипа, јасно е дека Беса е на чекор до историски пласман во елитата. Ќе треба да се случи некоја катаклизма за да четата на тренерот Александар Таневски не успее во своите намери.
За таа втора позиција ќе се борат Детонит и Пелистер. Радовишани на контролните мечеви оваа зима покажаа дека не се шегуваат додека Битола “плаче“ во пласман во ПМФЛ. Секако дека ќе биде тешка трагедија Пелистер да не успее да се врати таму каде што му е местото. Третиот пак ќе игра бараж за пласман во елитата.
Тоа се тие три екипи од кои две сигурно, а може и сите три, следната сезона да бидат во друштво на второлигашите.
Секако дека и битката за опстанок ќе биде интересна.
Инаку денеска лидерот ќе го пречека Осогово и се освен убедлива победа на Беса ќе биде рамно на сензација. Детонит му гостува на Вардар во Неготино а Пелистер во Битола игра со Беласица. Реално сите три екипи треба да дојдат до трите бода на стартот на пролетната полусезона во ВМФЛ.
ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Охрид – Башкими
Тетекс – Победа
Беса – Осогово
Пелистер – Беласица
Арсими – Новаци
Скопје – Саса
Вардар (Н) – Детонит
Караорман – Кожув
ТАБЕЛА
Беса 40, Детонит 35, Пелистер 33, Арсими 23, Кожув 23, Охрид 23, Новаци 22, Скопје 21, Беласица 20, Вардар (Н) 18, Тетекс 18, Башкими 18, Победа 15, Осогово 12, Караорман 11, Саса 8 бода…