Голем кикс на Јувентус во градот на Ромео и Јулија

256

Екипата на Јувентус направи голем чекор назад во трката по шампионската титула во Италија откако денеска киксна на гостувањето кај Верона со тоа што одигра 2:2. Домаќините два пати водеа, а „Старата дама“ го изедначуваше резултатот.

Фолоруншо во 11 минута ја доведе Верона во предност, а изедначи Влаховиќ од пенал во 28 минута. Во 52 минута Нослин повторно ја носи Верона во водство, а три минути подоцна изедначи Рабио.

До крајот резултатот не се менуваше и двете екипи поделија бод.

Јувентус е втор со 54 бода по 25 меча, односно девет помалку од Интер кој има меч за доигрување.

Верона е на 18-тото место на табелата со само 20 бодови.

ПретходноМЗТ Скопје ја расплака Битола, Куп-трофејот останува во Скопје (ФОТО)
СледноЗаслужено: Дамјан Робев е прогласен за МВП!