Има ли сила Вардар за изненадување во Гостивар? Деби на тренерите Аталан и Михаилов!

407

Попладнево со мечот меѓу Гостивар и Вардар, кој започнува во 14 часот, стартуа пролетниот дел од тековната сезона. Нема дилеми дека домашниот тим, кој оваа зима уште повеќе се засили, е голем фаворит, сите се во очекување дека во најмала рака Гостивар ќе ја продолжи серијата во која е непобеден во ПМФЛ дури од aвгуст.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'Next Match GOSTIVAR vs FK Vardar 14:00 17 FEB SATURDAY GOSTIVAR STADIUM #KFGOSTIVARI AOEBOOK KF GOSTIVARI INSTAGRAM YOUTUBE TWITTER'

Сепак Вардар е Вардар, со нов тренер во името на Горазд Михаилов, со нова енергија во клубот, со нови играчи и засилувања.

Јасно е дека на вакви мечеви, први во една полусезона, се е можно.

Секако дека останува да се види прво како ќе одиграат двете екипи, дали ќе ги оправдаат најавите дека се во добра форма.

May be an image of 3 people, people playing football and text

И од двата табори се најавува беспоштедна борба, се најавува дека ќе се даде и повеќе од максимумот за да се дојде до бодовите.

За Вардар одличен резултат ќе биде и реми, а за победа да не говориме. Додека за домашниот тим се освен три бода ќе биде разочарување.

На овој меч своето деби на клупите на еден официјален меч ќе го имаат Исмаил Аталан (Гостивар) и Горазд Михаилов (Вардар).

Сите останати мечеви од ова прво пролетно или вкупно 19.коло се играат утре, исто од 14 часот.

ПретходноБаерн со ултиматум до својот тренер: Судбината на Тухел ја кројат Елези и Елмас!
Следно„Фемили“ со порака до битолчани: Доаѓаме да ви ја расипеме приватната Куп-забава!