Ливерпул во шампионски ритам, Салах се врати со гол (ВИДЕО)

133

Lливерпул прокнижи нова победа во Премиерлигата со која остана цврсто на врвот на табелата, откако денеска со 1:4 славеше на гостувањето кај Брентфорд. „Црвените“ на Клоп уште еднаш ја потврдија шампионската форма, а Брентфорд не успеа да најде начин да го сочува својот гол.

Уште на самиот старт Ливерпул пропушти неколку убави можности за водство, се до 35. минута кога со еден прекрасен лоб-удар Дарвин Нуњез (ВИДЕО) не го отвори резултатот за предност на гостите. Во првиот дел сериозна повреда заработи Диого Жота, па на негово место влезе повратникот по повредата, Мохамед Салах.

На стартот на вториот дел на теренот не истрча ниту Нуњез, а на негово место шанса доби Гакпо. Сепак, повредите не ги пореметија плановите на Клоп и неговите момци. МекАлистер со гол во 55. минута зголеми на 0:2 (ВИДЕО), а Салах со повратнички гол во дресот на Ливерпул ги донесе гостите и до 0:3 (ВИДЕО).

Тони во 75. минута погоди за домашните за 1:3 (ВИДЕО), а конечните 1:4 (ВИДЕО) беа дело на Гакпо во 86. минута. По овој триумф Ливерпул со внимание ќе го очекува вечерашното дерби меѓу Манчестер Сити и Челзи.

ПретходноКрафт најдобар во Сапоро, ја оствари 39. победа во Светскиот куп
СледноПМФЛ: Вардар освои бод во Гостивар, ама блиску беше и до победа! (ФОТО+ВИДЕО)