Наполи израмни во 90. минута и се спаси од пораз на домашен терен (ВИДЕО)

58

Сирил Нгонге е спасителот на Наполи на денешниот меч од 25. коло на италијанската Серија А. Се уште актуелниот шампион на Апенините, имаше негатива од 0:1 се до 90. минута на мечот, кога Нгонге (ВИДЕО) успеа да најде пат кон гостинската мрежа и да го спаси Наполи од нов срам.

Џенова ја искористи првата шанса на стартот на второто полувреме и со голот на Френдруп успеа да дојде до водство. Домашните се мачеа да се вратата во резултатски егал, но на крајот успеаја да си ја спасат кожата.

Наполи со овој бод останува на 9. место на табелата, додека Џенова 12-та со солидна бодовна предност пред екипите кои ќе се борат за опстанок.

ПретходноВардар (Н) славеше на гостувањето против Мулти Есенс
СледноХрватска е нов светски шампион во ватерполо