НБА Олстар викенд: Вембањама разочаран, Мадерин е МВП а “Тим Џејлен“ победи во “Ѕвездите во подем“! (ВИДЕО)

1029

Започна НБА Олстар викендот кој се одржува во Индијанаполис. Соте очекуваа дека Виктор Вембањама ќе биде МВП во “Ѕвездите во подем“, сепак тоа беше домашниот кошаркар Бенедикт Мадерин.

Инаку победи “Тим Џејлен“ на тренерот Џејлен Роуз, додека на останатите екипи тренери беа Детлеф Шремпф, По Гасол и Тамика Кечингс.

Победи на овој мини – турнир тимот на Џејлен Роуз кој во финалето славеше против тимот на Шремпф со 26:13.

Вечерва продолжува ова кошаркарско шоу кое своето финале ќе го има утре со главниот настан а тоа е мечот меѓу Истокот и Западот.

ПретходноДали Клоп го откри својот наследник на “Енфилд“? “Тој е супер“!
СледноПМФЛ: Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија во жестока битка за титулата! Ќе успее ли Вардар да се спаси?