Шампионот Пелистер го победи Бутел на гости со 28:24 во меч од 2.коло од плеј-офот. Горан Кузмановски ги предводеше „зелено-белите“ со триумф и го заврши мечот со 10 гола, а кај домаќините осум постигна Филип Николов.
А тимот на Охрид по триумфот на гостувањето кај Бутел, денеска славеа и на езерското дерби против Струга со 31:24. Домашните имаа лош старт, но фатија ритам и натаму лесно излегоа на крај со гостинските ракометар.
Охрид има осум бода исто колку и Пелистер на првата позиција на табелата. Најдобри стрелци кај Охрид беа Цирар и Орјоникидзе со по шест гола. Кај Струга, Мерис Бошњак постигна 13 гола. Идното коло Охрид му гостува на Пелистер.