Просинечки: Можно е да се вратам во Ц. Звезда!

195

Пред неколку дена Роберт Просинечки беше назначен за нов селектор на Црна Гора, селекција со која во Анталија на 25 март ќе одиграме пријателска средба.

Инаку познато е дека со оглед на своето минато, популарниот Жути е “магнет“ за медиумитем секој негов збор се прераскажува.

Па така тој деновиве даде интересна изјава дека е можно да се врати во Белград, во редовите на Ц. Звезда.

Да потсетиме дека како фудбалер беше дел од најславната генерација на тимот кој беше европски и светски првак, а како тренер тој и го донесе на Ц. Звезда пехарот во Купот на Србија во 2012.

Зошто да не? Можно е во иднина да се вратам во Ц. Звезда. Ги гледав сите нејзини мечеви есеноска во Лигата на Шампионите. Доволно сум упатен во случувањата во клубот. Во животот се е можно, никогаш не треба да се каже никогаш. Ц. Звезда е голем клуб и за секого е голем предизвик, па и за мене, секако“ рече покрај другото Просинечки.

ПретходноМега “бомба“ од Мадрид: Перез спрема тандем од соништата, Мбапе е сигурен а со 200 милиони евра ќе се купува и Халанд!
СледноАврамовски со нов гол за победа на Болуспор во дуелот со Лука Станковски (ВИДЕО)