Радуловиќ: Требаше да направиме лична грешка, не сфаќам зошто не го сторивме тоа!

229

Пелистер и покрај големата поддршка од своите фанови не успеа да дојде до првиот пехар во Купот на Македонија. Се чинеше дека битолчани се многу блиску до целта, но почетничките грешки во клучните моменти на крајот го чинеше пораз, од кој дефинитивно ќе мора да научат доколку сакаат да дојдат до голем успех во иднина, еднаков на она што во клубот го градат.

Дарко Радуловиќ беше разочаран по мечот, на тајм-аутот се договоривме да направиме лично грешка, не ми е јасно како не успеавме да го сториме тоа.

„Му честитам на МЗТ Скопје, мислам дека речиси цел натпревар имавме контрола над играта и бевме подобра екипа. Во вториот дел имавме мал пад, но како што кажува резултатот се играше на мал број поени. На крајот, се се сведе на само една топка, во напад во кој се договоривме да правиме лична грешка и не знам како не успеавме да направиме бидејќи имавме уште еден ‘мал’ фаул. Претпоставувам дека тоа ќе донесеше продолжение и можеби поинаков исход на мечот. Немам замерки на играчите кои беа подготвени да се борат и да се натпреваруваат. Ете, мал дефокус донесе пораз“, изјави Радуловиќ.

ПретходноМЗТ Скопје е тим со шампионски менталитет!
СледноПелистер го совлада Бутел, Охрид подобар во езерското дерби