Дајман Робев овој Куп на Македонија ќе го памети долго време. За првпат во својата кариера се закити со МВП признанието. Влезе на местото на Војдан Стојановски, кој се повреди. Тој беше мотивитарот на МЗТ Скопје во тешките моменти, се погрижи неговиот тим да се врати резултатски во пеколната атмосфера во салата „Боро Чурлевски“.
„Вакви натпревари се добиваат со голема желба и борбеноста, ние тоа го имавме многу повеќе во второто полувреме. Пресудија скоковите и секако нашето искуство, заслужено победивме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во Битола. Честитки до моите соиграчи, успеавме да превземеме одговорност во клучните моменти, горд сум на момците, покажаа карактер“, рече Робев.