Родри спаси бод за шампионот во дуелот со Челзи

110

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити одигра 1:1 во дуелот со Челзи во дербито на 25.коло на Премиер лигата. Мечот кој се одигра на „Егихад“ донесе возбудувања и само два гола иако можеше да ги има повеќе.

Поведоа „сините“ со гол на Рахим Стерлинг инаку поранешен играч на „граѓаните“. Николас Џексон му асистираше на брзоногиот фудбалер на Челзи кој се ослободи од својот чувар и сам пред голманот успеа да погоди.

Притисокот на Сити во второто полувреме вроди со плод. Родри шутна од далечина, топката удри во некој играч го смени правецот и го измами голманот.

Челзи ја продолжи неуспешната серија во дуелите со Сити затоа што нема првенствена победа од мај 2021 година.

Сити ја прекина победничката серија која трае од декември минатата година по ремито со Палас (2:2) и изнесуваше шест победи во Премиер лигата, две во ФА купот и една во ЛШ.

Сити по 24 меча има 53 бода на третото место, два помалку од вториот Арсенал односно четири помалку од лидерот Ливерпул. Челзи е на 10-тото место со 35 бода.

ПретходноЗаслужено: Дамјан Робев е прогласен за МВП!
СледноРобев: Горд сум на овие момци, заслужено победивме!