Тухел отворен: Атмосферата во тимот е депресивна

204

Тренерот на Баерн (М), Томас Тухел, призна дека тимот е во тешка состојба од емотивна гледна точка. Германскиот стратег јасно стави до знаење дека тимот од Минхен нема да се предаде.

„Расположението во тимот во моментов е, се разбира, депресивно. Но, сигурен сум дека утре ќе тргнеме да ја вртиме ситуацијата на потребното ниво. Откажувањето не е опција за нас, тоа нема да се случи – ниту во првенството, ниту во Лигата на шампионите“, изјави Тухел.

Тухел е на чело на Баерн од март 2023 година. Договорот со клубот му завршува во 2025 година.

ПретходноСопругата на Меси во провокативно издание: И Антонела има што да покаже! (ФОТО)
СледноПолувреме во Гостивар: Мрежите мируваат, шансите за гостиварци, поништен гол на Вардар!