Американскиот атлетичар Грант Холовеј постави нов светски рекорд на трката на 60 метри со пречки денеска на државното првенство на САД во сала.
Холовеј постигна време 7,27 секунди за да го собори сопствениот светски рекорд во сала кој го постигна во Мадрид во 2021 година (7,29).
Ова беше негова 60-та последователна победа на 60 метри со пречки.
„Знаев дека ќе биде добар резултат штом излегов од блоковите – 7,27 на убава патека е секогаш добра работа“, изјави 26-годишниот спринтер.
This is how you break your own record!
Grant Halloway, 7.27s in the 60MH prelims at the USATF Championships.
The previous record was 7.29s done in 2022. pic.twitter.com/UuK2OApq3G
— YT: Bwoyatingz By Kareem (@BwoyaTingz) February 17, 2024