Хрватска е нов светски шампион во ватерполо

222

Ватерполо селекцијата на Хрватска е нов светски шампион. Во големото финале на планетарниот собир во Доха, Хрватска по подобро изведување на пенали ја совлада Италија со 15:13.

Најефикасен во составот на Хрватска беше Константин Харков со четири гола, Јерко Мариниќ Крагиќ постигна три. Андреа Фондели постигна пет гола за Италија, но „аѕурите“ не успеаја да дојдат до триумф.

Ова е трета титула светски шампион на Хрватска, по оние во Мелбурн во 2007 година и Будимпешта во 2017 година.

Бронзата ја освои Шпанија, која во мечот за третото место ја совлада Франција со 14-10.

ПретходноНаполи израмни во 90. минута и се спаси од пораз на домашен терен (ВИДЕО)
СледноХоловеј го собори светскиот рекорд на 60 метри со пречки (ВИДЕО)