Црвена Звезда го совлада Партизан и го одбрани трофејот од Купот

298

Екипата на Црвена Звезда го одбрани трофејот од Купот на Србија по вечерашната победа над вечниот ривал Партизан so 85:79 во спортскиот центар Чаир во Ниш. Партизан беше подобар во првиот период, во еден момент имаше предност и од 10 поени, а на полувреме само еден (44:43). Во третиот период кошаркарите на Звезда заиграа жестоко и направија комплетен пресврт имаа водство од 68:63 пред почетокот на последната четвртина. Тука беше клучот и на успехот на „црвено-белите“.

Во финишот на мечот Партизан се обиде да се врати, но Звезда не го дозволи тоа.

Кај Звезда, Гедраитис постигна 17 поени, Теодосиќ 16 поени, Боломбој 14. Кај Партизан, Ледеј 24, Пантер 20, Нанели 10.

Ова е четврти пат по ред Црвена Звезда да го освојува трофејот од Купот во Ниш, а севкупно десетти пат.

 

ПретходноАталанта во ЛШ ритам – петта победа по ред, овојпат убедливa над Сасуоло
СледноМекланг повторно најдобар во забивање, Лилард најдобар „тројкаш“ (ВИДЕО)