Баер Леверкузен не застанува. На денешното гостување против екипата на Хајденхајм, момците на Чаби Алонсо остварија уште една победа и цврсто го држат врвот на табелата во Бундеслигата.
Баер (Л) оствари победа од 1:2, доволно за дури 8 бода повеќе од второпласираниот Баерн Минхен, кој има натпревар помалку. Гостите поведоа во 2. минута од судиското надополнување на првиот дел, кога Адли асистираше за Фримпонг кој погоди за 0:1.
Адли во вториот дел на самиот почеток зголеми и на 0:2, а домаќините само намалија со голот на Пирингер во 87. минута.
БУНДЕСЛИГА – 22 КОЛО:
Дармштад – Штутгарт 1:2
Хофенхајм – Унион Берлин 0:1
Мајнц – Аугсбург 1:0
Волфсбург – Борусија Дортмунд 1:1
Хајденхајм – Леверкузен 1:2