Арсенал со „петарда“ ја продолжи шампионската потера по Ливерпул

68

Арсенал не се откажува од жестоката битка за шампионската титула во Премиерлигата. Момците на Микаел Артета денеска го „петардираа“ Барнли на гостински терен и останаа на два бода негатива од лидерот Ливерпул. Одлично издание за „топчиите“ имаше Сака кој постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Одегард, Тросар и хаверц.

Големо и непријатно изненадување им приреди Тотенхем на своите фанови. Лондончани пред своја публика беа поразени од Вулверхемптон со 1:2. Двата гола за гостите ги постигна Гомес, додека единствениот гол за Тотенхем беше дело на Кулушевски.

Њукасл извади бод дома против Бурнмаут, откако гостите двапати водеа. Гордон од пенал и Ричи во 92. минута успеаја да го спасат фаворитот од пораз пред своја публика.

Гостински триумф обезбеди и Астон Вила која со 1:2 славеше кај Фулам, додека на домашен терен Нотингем Г. славеше со 2:0 против Вест Хем.

ПретходноЧаби и Баер (Л) итаат кон титулата
СледноЛопетеги го одби Кристал Палас, чека подобра понуда од Премиерлигата