Екипата на Аталанта продолжува во победнички ритам во италијанската Серија А. Вечерва на домашен терен го совлада Сасуоло со 3:0 што е нивна петта победа по ред и што е најважно се држи на четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите.
Марио Пашалиќ го отвори резултатот во 22 минута, а гостите можеа да изедначат но Пинамонти промаши два пенали во финишот на првото полувреме .
Во второто полувреме двајцата Холанѓани во дресот на екипата од Бергамо погодија. Прво Копмеинерс го зголеми резултатот, а точка стави Бакер.
Аталанта дише во ЛШ ритам, а во петте победи по ред гол разликата е 17:2.