Ракометарите на Вардар Неготино забележаа побед ан агостински терен против екипата на Мулти Есенс во денешниот прв меч од плеј-аут групата во домашната Суперлига. Неготинци славеа со 27:25 во Скопје во рамките на 2. коло.
Гостинскиот состав со предност од два гола го заврши првиото полувреме (13:15), а до крајот успеа да искористи шанса и да го добие мечот. На голот на Вардар (Н) одличен беше Мицев, додека кај стрелците, бугариновиќ постигна 8 гола за победничкиот состав, додека Костовски, Омерагиќ и Ивановски имаа по 5 гола кај Мулти Есенс.