Војдан Стојановски под знак прашалник за квалификациските дуели за ЕП!

163

Македонската кошаркарска репрезентација во понеделник стартува со подготовките за квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Во овој февруарски прозорец, „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите со Естонија на домашен терен и со Полска на гости.

За селекторот, Александар Јончевски вечерва од Битола дојде лоша вест. На дуелот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер во рамките на финалето на Купот на Македонија се повреди Војдан Стојановски. Засега не е позната сериозноста на повредата, станува збор за задната ложа. Искусниот репрезентативец ќе треба да направи лекарски прегледи, а потоа да се утврди дали ќе може да помогне за најважниот меч против Естонија на домашен терен.

Првичните информации велат дека ќе треба да паузира три дена, но точната пауза ќе биде позната во текот на утрешниот ден.

ПретходноЛајпциг го совлада Менхенгладбах, Елмас го преседе мечот на клупата
СледноМЗТ Скопје е тим со шампионски менталитет!