Драма во 97 минута – Лева прво го промаши пеналот, па го повтори и донесе победа на Барса

352

Екипата на Барселона успеа да ги освои бодовите на гостувањето кај Виго против Селта со победата од 2:1 во рамките на Ла Лига. Мечот се движеше кон реми кога судијата досуди пенал во последните моменти кога Јамал доби удар во бутниот мускул во еден дуел за топка.

Барселона поведе во 45 минута со убав гол на Левандовски. Само што почна второто полувреме ветеранот Јаго Аспас го изедначи резултатот.

Во последните моменти од мечот. Левандовски го изведе пеналот но голманот му го одбрани шутот. Сепак, судијата го повтори ударот поради кршење на правилата на игра oд страна на голманот.

Левандовски одново застана на 11 метри и сега погоди за победа.

ПретходноАтанасов: Проработе аеродромскиот инает, МЗТ има шампионски менталитет!
СледноЛајпциг го совлада Менхенгладбах, Елмас го преседе мечот на клупата