Крафт најдобар во Сапоро, ја оствари 39. победа во Светскиот куп

57

Австриецот Штефан Крафт, кој е лидер во генералниот пласман во ски-скокови, победи на денешните скокови во Сапоро со освоени 263 поени. Тој во првата серија прескокна 129, додека во втората 139 метри доволно за првото место. Второто место го зазеде Јапонецот Рјоју Кобајаши (262,6), додека трет беше Германецот Андреас Велингер (256,9).

За Крафт ова е деветта победа сезонава и 39-та во Светскиот куп во кариерата.

Тој го дели третото место на вечната листа со Полјаците Камил Штох и Адам Малиш.

ПретходноЧурлинов изнуди пенал, Шалке победи (ВИДЕО)
СледноЛиверпул во шампионски ритам, Салах се врати со гол (ВИДЕО)