Бенитез: ВАР требаше да го поништи и вториот пенал на Левандовски

226

Тренерот на Селта, Рафаел Бенитез истакна дека повторениот пенал за Барселона на синоќешниот меч со кој Каталонците победија во Виго со 1:2 беше против правилата.

Левандовски најпрво промаши, а потоа откако судиите го вратија пеналот на повторување, успеа да постигне гол за победа.

Судијата Хуан Сантана не обрна внимание на фактот дека при изведувањето на вториот пенал, крилото на Барселона Рафиња прерано влета во шеснаесетникот.

„Разочаран сум од поразот, но задоволен сум од односот на тимот. Во врска со пеналот, не сакав да давам мислење, но играчите на Барселона влегоа во казнениот простор за време на вториот пенал“, рече Бенитез.

Шпанскиот стручњак го коментираше и фактот дека според правилата, ВАР можеше да интервенира и при вториот пенал.

„Ако можеше да видиме дека голманот е 5 сантиметри надвор од линијата, можеше да видиме и дека играчите прерано влегле во шеснаесетникот. Лесно е и за гледање“, рече Бенитез.

ПретходноФантастичен настап во Севиља: Дарио Ивановски повторно го урна македонскиот рекорд во маратон!
СледноТухел за Кејн: Има лоша комуникација на теренот